Зое Кравиц, 25-годишната ќерка на светски популарниот музичар Лени Кравиц, изминативе денови престојувала во Австралија. Имено, бендот во кој настапува „Lolawolf“ бил предгрупата на концертот на се повеќе контраверзната пејачка Мајли Сајрус.

Убавата Зое одлучила да го искористи слободниот ден пред настапот и уживала во сончање и капење на плажата во заливот Бајрон. Зое на Инстраграм се пофалила со фотографија од плажата на која позира во златно бикини, а на сметка на својата совршена линија заработил голем број пофалби и комплименти. Изгледа својот добар изглед го наследила од згодниот татко.