Френсис Бин Кобејн е навистина ќерка на својот татко. Нсследничката на фронтменот на Нирвана Курт Кобејн многумина потсетила на славниот музичар кога минатата седмица во Лос Анџелес била видена со разбушавена розе коса и тркалезни ретро очила.

Иако познатиот музичар починал кога Френсис била бебе, нејзината сличност со Курт во изгледот и стилот е очигледна и неспорна. Френсис на себе носела секојдневна облека, црни фармерки, маица со иста боја и голема торба на дизајнерката Вивиен Вествуд.