Френсис Бил Кобејн, ќерката на Курт Кобејн и Кортни Лав признала во интервју за списанието Ролинг Стоун дека не е посебно луда по музиката на својот покоен татко. Сепак, таа признала дека смета како нејзиниот татко е гениј, како и дека некои негови песни доведуваат до солзи. Френсис која има 20 години открива дека воопшто не ја сака групата Нирвана, и додава дека нејзин избор се бендови како Меркури Рев, Оејзис и Брајан Џоунстаун Масакр. Ќеркта на Курт е огорчена поради неговото самоубиство.
Таа вели дека разбира како неговата музика инспирирала многумина, но без тоа тој би бил само обично момче кое го напуштило своето семејство на најлош можен начин. Курт Кобејн извршил самоубиство кога Френсис Бин имала само 20 месеци. Документарниот филм за бендот и неговиот живот излегува во мај, а октрива и досега непознати факти за групата Нирвана.