Френсис Бин Кобејн, 19-годишната ќерка на Курт Кобејн и Кортни Лав, купила куќа од 1,8 милиони долари во Лос Анџелес. Куќата имала четири спални соби, а се наоѓа на Холивуд Хилс. Целиот имот има 350 метри квадратни, а изграден бил уште во 1930 година.


Не е познато кога Френсис планира да се пресели таму, бидејќи сеуште студира уметност во Њујорк, а своите дела ги потпишува под псевдонимот Фидл Тим. Интересно е тоа што таа и пред студиите не живеела со мајката, туку со дедото и бабата, а околу старателството воделе и правна битка, која била завршена со тоа што самата Френсис барала да биде кај бабата и дедото.