Малата Норт Вест, ќерката на Ким Кардашиан и Кање Вест, се качи на грбот на својот татко и горно гледа во камерата додека ја фотографираат. Рака на срце, нема на кого да биде срамежлива. Првата заедничка фотографија убавата старлета ја поставила неодамна на Инстаграм, а преплавувањето на оваа друштвена мрежа со фотографии од своето девојче го објаснува со тоа што таа од ден во ден се менува и расте.
Фотографијата настанала додека ирале Монопол, кога љубопитната норт се качила на грбот на својот татко како би ведела за што станува збор. Ким од друга страна, откако се породила се бори со вишокот килограми, а на прашањето како се чувствува по породување, револтирано одговара дека сите жени кои породувањето го нарекуваат блажен чин лажат. Таа додава дека сака да има уште деца, но помислата на уште едно породување премногу ја ужаснува.