Некогаш сакала момчиња, но сега минала на девојки и тоа не го крие. Ајрленд Болдвин, ќерката на Алек Болдвин и Ким Бесинџер прошетала на црвениот тепих во друштво на својата девојка. Рака под рака со Ејнџел Хејз, убавата Ајрленд ја покажала својата импозантна фигура и убавина, но и ги отфрлила гласините дека раскинала со американската раперка.
Таа неодамна на својот Твитер напишала „Изгледа дека никогаш нема да ти бидам доволна“, но по се изгледа сега ги изгладиле односите, бидејќи обете блескале, цврсто држејќи се за рака на доделувањето на MTV наградите во Лос Анџелес. Инаку, тие две се во врска од мај оваа година.