Високите температури не се типични за јануарските денови. Но, Ајрланд Болдвин нема проблеми со жештините, спротивно, ги почестила обожавателите со нови фотографии на својот Инстаграм профил. Убавицата која има 18 години ја покажала својата исончана, витка фигура ви бикини додека уживала на плажа во Лос Анџелес па повторно предизвикала лавина коментари со одобрувања од нејзините фанови.
Убавата девојка објавила фотографија и од своето момче Слејтер Трот како ужува во сендвич. Ќерката на Ким Бесинџер и Алек Болдвин одушевила и со своето неодамнешно издание на прославата на 50-годишнината на списанието Спортс Илустрејтед, а на младиот пар тоа му било прво заедничко појавување во јавноста.