Британската манекенка Кејт Мос (35) неодамна открила колку нејзината ќерка Лила Грејс (7) е упатена во модата.


Рекла дека веќе има своја колекција на чанти. Додала дека нејзината ќерка точно знае што сака од модните додатоци и дека посебна страст има кон чантите, од кои повеќето ги носела само по еднаш. Открила и дека ретко оди во шопинг без ќерката, која и помага додека одбира нови фустани.