Војвотката и Војводата од Кембриџ одлучиле на својата ќерка која треба да се роди во јуни да и дадат име Елизабет Дајана Керол. Средните имиња ќе ги носи во чест на нивните мајки, покојната мајка на Вилијам Дајана, и мајката на Кејт Керол.

Иако многумина погодувале дека парот на девојчето ќе му даде име во чест на Лејди Ди, името Елизабет било важно и за кралскиот пар. Во меѓувреме, Кејт го советува принцот Хари за љубовниот живот, бидејќи помладиот брат на нејзиниот сопруг се плаши дека може да погреши во врска со новата девојка Кресида Бонас.