Македонскиот народен тетар-МНТ, вечерва на Охридско лето премиерно ќе ја изведе претставата „Дундо Марое“ од Марин Држиќ, во режија на Драгана Милошевска Попова.

Главните улоги ги толкуваат Емил Рубен и Славиша Кајевски, а како гостин во претставата се појавува и Петра Санадер, ќерка на хрватскиот премиер Иво Санадер.

Претставата ќе се игра во предворјето на ОУ „Св. Климент Охридски“ со почеток во 21ч.

Ohridnews