Лили Колинс, ќерката на музичката звезда Фил Колинс, ја добила главната улога во филмското остварување на познатата бајка „Снежана и седумте џуџиња“. Филмот го продуцира куќата „Дизни“, а ќе биде снимен во 3Д верзија. Лошата кралица ќе ја глуми Џулија Робертс, а шармантната Лили ќе ја глуми Снежана.
Лили е најпозната по улогата во филмот “The Blind Side” во кој глуми заедно со Сандра Булок. Таа уште како млада пишувала колумни за бројни модни списанија, а моментално го завршува снимањето на „Ромео и Јулија“. Ќерката на познатиот музичар веќе подолго време се забавува со Тејлор Лутнер, звездата на серијата „Самрак“