Лиса Мари Присли, ќерката на легендарниот Елвис Присли, пред две години се преселила во луксузна вила во Ротерфилд. Како би го запознала британскиот менталитет и би се зближила со мештаните, таа се вработила во ресторан за брза храна, каде повремено продава помфрит и пржена риба. Со заврзана коса и капа на главата, таа ниту малку не потсеќа на славна личност. Напротив изгледала баш како и останатите продавачки.

Сопственичката на ресторанот рекла дека муштериите воопшто немале поим дека таа е ќерката на Елвис Присли. Според нејзините зборови, Лиса ги обожавала британската храна и пиво. Меѓутоа, сопственичката додала дека не би ја вработила за стално, бидејќи секогаш ги мешала рибата со компирчињата. Во Велика Британија Лиса живее со сопругот Мајкл Локвуд и трите деца.