Најстарата ќерка на американскиот актер и комичар Еди Мари судејќи според се одлучила по секоја цена да се пробие во Холивуд. Бриа Марфи се појавила во филмот „Drive, She said”, во кој прилично се разголела. И доколку може да им се верува на гласините, тоа не и претставувало никаков проблем.

 

Ќерката на популарниот „Полицаец од Беверли Хилс“ неодамна снимила филм во кој глуми покрај Ешли Тисдејл и Џејсон Бигс, а за кој морала да се разголи. Бриа била спремна на се што од неа барале продуцентите и режисерот, како би се пробила во глумата. Една од сцените ја снимила топлес, додека брадавиците и биле прекриени со две лепливи траки.