Румер Вили која има 26 години на снимањето на американското издание на шоуто Танц со ѕвездите се појавила во многу провокативно издание. Ќерката на славните родители, која и сама се обидува да изгради холивудска кариера, дефинитивно го провлекува вниманието на јавноста со провокативните фустани и секси костумите за капење. На снимањето на една од емисиите на шоуто се појавила во краток шорц кој едвај го прикривал нејзиниот задник и длабоко деколте.

 

Румер пред почетокот на снимањето била видена во друштво на својата мајка Деми Мур, која се појавила да и даде поддршка. Своето витко тело го одржува со вежбање. Се занимава со јога и тврди дека таа и дава мир. Меѓутоа, откако почна да оди на часови по танц поради учеството во шоуто, сватила дека тоа и помага како би го одржала виткото тело.