Доколку беше родена во некоја од земјите во нашиот регион, до сега сигурно ќе добиеше улога каква што ќе посака уште на првата година од актерската академија. Никој не би се сомневал во нејзиниот талент. Иако мајка и е Деми Мур, Татко Брус Вилис, а очув Ештон Качер сепак во САД мора да посетува аудиции исто како и сите останати.


И конечно доби улога која може да ја лансира меѓу холивудските звезди. Сепак малку е дискутабилна улогата која ја одбра 21-годишната Рамер. Во нејзиното прво големо филмско остварување ќе игра лезбејка, иако сеуште не е познато како реагирал нејзиниот татко на оваа вест.