Ќерката на легендарните актери Брус Вилис и Деми Мур, Скаут Вилис, прошетала низ улиците на Њујорк топлес, во знак на протест против забраната за објавување на фотографии со голи женски гради на Инстаграм. На оваа друштвена мрежа е забрането објавување на голи женски гради, дури и со цел превенција од рак на дојката.

Скаут на овој начин протестирала против тоа. Прошетала низ пазарот без градник, а дури и посетила неколку локални продавници. Таа напишала дека е легално во Њујорк а илегално на Инстаграм. Доколу на луѓето не им се допаѓало тоа што го објавува на својот профил, не морале да ја следат на друштвените мрежи. Додала дека се чувствува пријатно во своето тело и одбива да дозволи некој друг да и диктира како да се доживува себе си и своето тело.