Ќерката на фронтменот на групата „U2“, Ив Хјустон, била во центарот на вниманието откако се појавила на црвениот тепих во Кан заедно со Шон Пен, со кој глуми во филмот “this Must Be The Place”. Ив Хјустон, која има 19 години, ги засенила сите присутни и го предизвикала вниманието на сите фотографи , каде премиерно бил прикажан нејзиниот филм во режија на Паоло Сорентини.


Филмот е приказна за богат поранешен рокер, кој е во пензија, и живее во Даблин, а улогата на рокерот ја има легендарниот Шон Пен. Младата Ив Хјустон ја игра улогата на неговата шеснаесетгодишна пријателка која е прекриена со тетоважи и вози скејтборд. На премиерата на филмот се појавил и Боно Вокс заедно со сопругата и децата.