Деветнаесетгодишнта ќерка на пејачот Џон Бон Џови била уапсена во Њујорк поради наводно предозирање со наркотици. Полицијата во округот Киркланд ја уапсила Стефани Роуз Бон Џови поради наводно предозирање со хероин во сопствената соба на колеџот во Њујорк.

Како што тврдат официјалните лица, упаднале во нејзината соба бидејќи добиле анонимна дојава дека се предозирала. Сепак, кога ја пронашле била во критична состојба но дишела, а во собата покрај хероин пронашле и малку марихуана и неколку силни лекови за смирување.