Аманда Брумфилд, ќерка на холивудскиот актер Били Боб Торнтон, минатата седмица била прогласена за виновна за смртта на едногодишно бебе. Таа со обвинение за убиство се соочила уште во 2008 година кога ќерката на една нејзина пријателка останала кај неа дома. Аманда тогаш тврдела дека смртта на едногодишното девојче била несреќа.
Ќерката на оскаровецот се бранела со изјавите дека малата Оливиа Мадисон Гарсиа паднала од детскиот кревет и удрила со главата, и дека тоа била причината за нејзината смрт. Но, обвинителството потврдило дека падот не може да предизвика толку сериозни повреди на телото, черепот и крвавење во мозокот. Точната казна за Аманда ќе биде соопштена наредниот месец. Били Боб Торнтон одбил да го коментира целиот случај бидејќи со ќерката не разговара веќе со години.