Пејачката Бијонсе веќе неколку пати била фотографирана како шета со ќерката Блу Ајви, но успеала од фотографите да го сокрие лицето на своето првороденче. Но, затоа нејзината колешка Мелани Фиона ја задоволила љубопитноста на јавноста и открила дали девојчето личи повеќе на мајката или таткото.

Мелани се пофалила дека со Бијонсе се дружела три пати откако таа станала мајка, и рекла дека девојчето е исто како Џеј Зи. Додала и дека Бијонсе рекла дека нејзината ќерка се менува од ден на ден и дека постои веројатност дека во една фаза од растењето повеќе ќе личи на својата убава мајка.