Малата Вивиен има само четири години, а веќе заработувала со глумата. Таа ќе се појави во акциониот филм на Дизни ‘Maleficent’, во кој покрај Анџелина ќе глумат и три нејзини деца, Пакс, Захара и најмладата Вивиен, која за една седмица ќе биде платена 3000 долари. Покрај тоа ќе добие и 60 долари за секој час за трошоците. Таа во филмот ќе ја толкува младата верзија на принцезата Аурора, која ја глуми Еле Фанинг.
Исто така во филмот требало да се појави и Шилох, најстарото дете на Анџелина и Бред, но неа на снимањето и било толку здодевно, па нејзината сцена била исфрлена од филмот. Шилох претходно се појавила во филмот „Чудниот случај на Бенџамин Батон“ покрај нејзиниот татко Бред Пит.