Кербер ја сними новата песна „Дојди вечерва“, во дует заедно со Викторија Апостолова, која настапи на Евровизија 2010 година во иста вечер со Кербер. После авторската песна „Профит“, Кербер продолжува да ја тресе Македонија и докажува дека има квалитетна музика која заслужува да се слушне.


За брзо песната ќе доживее и своја промоција, а ќе биде снимен и видео спот со реални факти од нашиот живот. Главниот виновник за настанувањето на песната е Зоран Алексиќ – Snoopy Mc.