Познатиот рапер Cerber и младата кавадарачанка Викторија снимаа спот за нивната дует песна “Дојди  вечерва”.


Спотот се снимаше деновиве во Охрид, на неколку локации, а во него учествуваат и статисти. Го снимаше ЕВ продукција.


Интересно е што во спотот и Кербер и Викторија излегуваат во уникатна облека правена специјално за снимањето на видеото. Промоцијата на спотот е најавена за почетокот на мај.