“Прекрансо е да си дома” е насловот на нoвиот сингл на Кербер и Били Ѕвер. Видеото е работено според вистинска приказна која му се случила на Били во 2010 година по враќањето од евровизискиот настап.

-Колку и да си разочаран сепак нема потопло место од дома, нема место во светот кое за некој би било позначајно од неговиот топол дом. Песната ни покажува дека иако животот е тежок сепак треба да се продолжи напред без насилства бидејќи насилствата носат големи последици, велат Кербер и Били.|

Песната е снимена во студиото на Зоран Алекиќ, а спотот го работеше Зати.