Голманот на Челси, Кепа Аризабалага потврди дека поради недоразбирање со менаџерот Маурицио Сари настанала непријатната ситуација во финишот од финалето во Лига купот на Вембли. Шпанецот кој претходно два пати се пожали на повреда одби да излезе, откако негова измена Вили Кабалјеро стоеше покрајт аут линијата.
- Вознемирен и тажен сум затоа што не го освоивме трофејот. Се боревме до крајот против одлична екипа. Ќе продолжиме да работиме и ќе бидеме силни како порано. Исто така сакам да ги разјаснам сите дилеми од мечот на Вембли. Како прво сакам да истакнам дека жалам за целата ситуација и на начинот на кој заврши натпреварот. Не ми беше намерата да одбијам било каква одлука, туку се работеше за недоразбиање. Тренерот мислеше дека не сум во можност да продолжам, моја намера беше да му кажам дека можам, а не дека не излегувам. Се додека докторите не пристигнаа кај тренерот и му објаснија дека можам траеше таа непријатна ситуација. Јас имам големо почитување кон клубот, тренерот и неговиот авторитет. – напиша на социјалните мрежи шпанскиот голман.
Во пенал рулетот попрецизни беа фудбалерите на Манчестер Сити. „Граѓаните“ реализираа четири од петте пенали, додека „сините“ погодија три пати. Неприцизни во тимот на Челси беа Давид Луиз и Жоржињо, а Сане промаши во победничкиот состав.
OhridNews
Сари за непослушноста на голманот: Недоразбирање беше, Кепа е во право
Голманот бунтовник го посрамоти Челси, „граѓаните“ победија во Лига купот (видео)