Атлетичарите од Кенија, Марк Кипчумба Ротиќ во машка и Сузан Мутони во женска конкуренција триумфирааа на 32-то издание на Меѓународниот атлетски маратон во Охрид.

Делницата од 30-километри најдобриот во машка конкуренција ја мина за 1 час, 42 минути и 44 секунди, додека најдобра атлетичарка имаше време 2 часа, 8 минути и 19 секунди.

– Динамичната патека беше одличен за тест за издржливост, а убава бидејќи се трча покрај Охридското езеро. Сакам да му се заблагодарам на организаторот за поканата и добриот прием. – изјави Ротиќ.

Сребрениот медал во машка конкуренција му припадна на Словакот Габриел Свајда (1.49.44), а трет финишираше Илир Рудани од Косово (1.51.10). Кај атлетичарките Адријана Поп Арсова од Македонија заврши на втората позиција со време (2.09.13), а третопласирана Сања Најдовски (2.35.35). Најдобар македонски атлетичар беше Александар Кирацоски.

Втора година по ред во склоп на Меѓународниот маратон се одржа трка на Независноста долга 5 километри. Прв низ целта во машка конкуренција мина Григоријан Никовски со време од 18 минути и 1 секунда, а во женска Ања Еклер со време 21 минута и 16 секунди.

Резултати:

Маратон на 30 км:

Машки:
1.Марк Кипчумба Ротиќ (1.42.44)
2.Габриел Свајца (1.49.34)
3.Илир Рудани (1.51.10)

Женски:
1.Сузан Мутони (2.08.19)
2.Адријана Поп Арсова (2.09.13)
3.Сања Најдовски (2.35.35)

Независна трка:

Машки:
1.Григоријан Никовски (18.01)
2.Никола Вукелја (18.34)
3.Габриел Котевски (19.29.)

Женски:
1.Ања Еклер (21.16)
2.Александра Пешова (24.25)
3.Емилија Лазороска (25.16)

Мх.П.