Американката Софија Кенин и шпанската тенисерка Гарбиње Мугуруза ќе се борат за трофејот во финалето од првиот грен слем турнир во новата сезона, Австралија Опен.

Кенин во полуфиналето подобра беше од домашната тенисерка Ешли Барти. Американската тенисерка победи во два сетови 7-6 односно 7-5 за пласман во финалето.

Мугуруза со идентичен резултат во сетови (2-0) и во гемови (7-6, 7-5) како Кенин во полуфиналето ја совлада Романката Симона Халеп.

Шпанката во финалето на Австралија Опен ќе ја лови третата грен слем титула во кариерата иначе прва во Мелбурн, додека 21-годишната Кенин за прв пат ќе игра финале на големо натпреварување.

Финалето се игра сабота рано наутро.

OhridNews