Петнаесет кенгури побегнаа во саботата од заграденит простор во тематскиот парк посветен на Австралија,во југозападна Франција,каде што е организирана потера за да се избегне паника, изјави сопственичката.
“Настана голема паника,недостасуваа 15 кенгури од кои пет ги пронајдовме во паркот, неколку во блиската шума, а три се сеуште на слобода” – изјави Керол Масон, сопственичката на тематскиот парк Каркасоне.
Кога стигнале во саботата наутро, виделе дека има грабеж, катинарите биле скршени а надворешната ограда била отворена на четири места. Сопственичката е сеуште загрижена за трите залутани кенгури, бидејќи во близина се наоѓа автопатот.