Јужноафриканската убавица Кендис Свонпул се фотографираше за новиот каталог на најпознатиот бренд за долна облека Викторија Сикрет. Кендис Свонпул за неколку години стана најпопуларен ангел на познатиот бренд. На радост на фановите, посебно машкиот дел од популацијата, манекенката направи сет фотографии за новата колекција на Викторија Сикрет.

 

Колку е горда на своите облини доказ се и разголените фотографии кои секојдневно ги објавува на социјалните мрежи, кои итекако придонесоа за градењето на нејзината кариера. Меѓутоа, фотографиите на кои е гола или скромно облечена не се никакво табу во животот на овој супермодел. Таа секако е ангел кој не се срами од своето голо тело, а едно е сигурно, Кендис сака да позира пред објективот со или без облека.