Кендис Свонпул добила големо унапредување меѓу ангелите на викторија Сикрет. Оваа година била избрана да го носи скапоцениот градник со дијаманти на традиционалната Викторија Сикрет гала ревија. Цената на ова единствено парче долна облека е 10 милиони долари.
Кралскиот градник кој го креирал Моуавад е сочинет од 4200 украси, вклучувајќи и дијаманти, сафири и рубини, а тука е и 18-каратната златна постава како и 52-каратен рубин кој виси на средината од градникот. Ова е прв пат Кендис Свонпул да биде во можност да го носи ова скапоцено парче, па така ќе се приклучи на „старата гарда“ на оваа модна куќата, меѓу кои се Миранда Кер, Адриана Лима и Хајди Клум, кои пред неа носеле долна облека украсена со дијаманти.