Пред одржувањето на големата ревија на Викторија Сикрет, Кендис Свонпул се пофалила на твитер како својата линија ја дотерала до перфекција, а како доказ приложила фотографија од својот супер рамен стомак.
Јужноафриканската убавица, која веќе извесно време е меѓу поистакнатите ангели, очигледно вредно вежбала пред овогодинешната гала ревија на Викторија Сикрет, но фотографијата предизвикала и некои негативни коментари. Веднаш се јавиле критичарите, кои и замериле на манекенката што го промовира изгладнувањето меѓу младите девојки.