Манекенката од јатото ангели на Викторија Сикрет, Кендис Свенпул, се фотографирала специјално по повод прославата на денот на вљубените, што сигурно многу им се допаднало на машкиот дел од популацијата. Популарната 23-годишна блондинка позирала во секси долна облека на марката „Викторија Сикрет“, но и во топлес.
Таа сигурно со оваа кампања ќе загрее многу машки срца, а и ќе им даде пример на девојките во што би можеле да ги заведат своите партнери. Пред денот на вљубените престижната линија за долна облека има обичај своите најнови креации да ги прикаже на своите ангели, на кои совршено им стои секое парче облека.