Секоја пролет модната куќа “Victoria’s Secret” лансира нова колекција на долна облека која е наменета исклучиво за идните невести, а оваа година заштитно лице на кампањата е Кендис Свонпул.
Заводливата синоока манекенка им покажала на идните невести каква долна облека можат да носат под венчаницата и така дополнително да ја зголемат самодовербата за најсреќниот живот во својот живот.
Целиот асортиман бил во бела боја, а облеката била прилагодена за разни типови венчаници, почнувајќи од класичните фустани кои ја следат линијата на телото, преку корсет фустаните, до нешто попровокатнивните мини-фустанчиња.
Инаку Кендис моментално престојува во Париз каде ужива на модните ревии.