Кендис Свонпул пријатно ги изненадила своите фанови на Инстаграм. Им покажала се. Фотографијата на која позира целосно гола со брзина на светлината го преплавила интернетот. Под фотографијата напишала: „Не бејбе, не е смешно“. Нејзините фанови одушевено коментирале дека тоа е нејзината најубава фотографија досега и заклучиле дека ги навела да мислат на неа.

Деветтата најплатена манекенка на светот според листата на Форбс секојдневно напорно вежба како би била во топ форма, а фотографиите од теретанта редовно ги дели со сите на интернет. Еднаш изјавила дека најмногу внимание посветува на задникот како би изгледал беспрекорно. Таа рекла дека задникот и е многу важен и секогаш правела вежби за негово обликување. Доколку некогаш повеќе дена не ја посетила теретаната, тогаш следниот тренинг целосно бил посветен на вежби за задникот.