Во пресрет на убавите денови и топлото време, Кендис Свонпул се фотографира во костуми за капење за новата летна колекција на модниот бренд Викторија Сикрет. Познатиот супермодел често на социјалните мрежи поставува свои провокативни фотографии и со тоа ја разигрува фантазијата кај посилниот пол, додека на дамите им покажуво што е во мода за претстојната сезона.
Оваа убавица работи за модната куќа „Викторија Сикрет“, и е заштитно лице на нивните каталози за костуми за капење. На листата на списанието Форбс за најплатени модели, таа е на десеттото место со заработка од три милиони долари во послениве година дена.