Иако делува мошне самоуверено додека чекори по модните писти, ангелот на Викторија Сикрет Кендис Свонпул признава дека не и е лесно да биде во сопствената кожа. Убавата русокоса со сини очи признала дека себеси не се гледа онака како што ја гледа остатокот од светот. Вели дека себеси се гледа од сосем поинаква перспектива бидејќи девојката на фотографиите не е таа, туку девојка која е створена да биде во центарот на вниманието. Додава дека е многу срамежлива и дека морала да се справи со тоа како би можела да ја работи оваа работа.

 

Списанието Максим ја опишало како една од најпосакуваните жени на светот, а сосема е јасно зошто го носи тој епитет. Со полни усни и прекрасна коса, 26-годишната убавица е една од најубавите жени на денешнината. Обожавателите посебно ќе бидат задоволни кога ќе ги видат фотографиите од сетот за Максим, на кои позира во многу провокативни изданија.