Веднаш штом манекенката Кендал Џенер конечно стави точка на врската со Хари Стајлс, пејачот на бендот “One Direction”, веќе најде нов додворувач, јавуваат британските медиуми. Имено, новото момче кое го освои срцето на убавата манекенка е Џордан Кларксон, кошаркар на Лејкерси, а папараците младиот пар успеаа да го фотографираат после заедничко излегување во Лос Анџелес.

 

И додека новопечениот пар се обидуваше да ја избегне првата заедничка папарацо фотографија, американските портали веќе објавија дека Кларксон и Џенер се во врска веќе извесно време. Инаку, младата манекенка медиумите досега ја поврзуваа со голем број момчиња, а освен Стајлс на листата нејзини наводни партнери се и Џастин Бибер и Луис Хамилтон, но таа засега не потврди ниту една врска.