Кендал Џенер, младиот член на едно од најмоќните семејства во светот на шоубизнисот, Кардашиан-Џенер, како што пренесуваат медиумите е во врска со двојно постариот актер Орландо Блум. Се чини дека мајката Крис Џенер одлучи половина Холивуд да го пренесе во својата куќа.
Веста за навоната врска помеѓу Кендал и Орландо стигна само неколку дена откако се откри дека Крис Џенер на секој можен начин се обидува да ги спои својот син Роб и славната актерка Џенифер Лоренс. Орландо и Кендал наводно многу често се заедно. Одат во Кино, на вечери, а имало и неколку таинствени состаноци во глувото доба на ноќта. Со оглед дека мама Крис е многу либерална личност, сигурно нема да има ништо против оваа врска.