Убавата 18-годишна манекенка Кендал Џенер, една од кланот Кардашиан, е се побарана на модната сцена, а откога е полнолетна многу познати мажи се поврзуваат со нејзиното име. Последен на листата бил славниот Хари Стајлс од машкиот бенд „One Direction“, а сега странските медиуми пишуваат дека почнала да се гледа со 25-годишната НБА ѕвезда Чендлер Парсонс.

Заедно се видени на кошаркарски натпревар, а сведоци тврдат дека постојано флертувале и се смешкале. Кендал така би можела да најде место за машко во својот живот, а со оглед на брзото темпо, на младата убавица ќе и биде тешко да ја одржи врската, со оглед на тоа што освен чекорењето по модните писти, има и линија облека, а и понатаму го снима семејното шоу ‘Keepin’ Up With Kardashians’.