Младата Кендал Џенер моментално е една од најбараните манекенки. Згодната и висока Кендал позирала за празничното издание на списанието „Love“, а за таа пригода носела секси долна облека во која ретко ја гледаме. Младата Кендал сериозно ја сваќа својата работа и засега усоешно балансира помеѓу секси изгледот, а да не открие премногу.
Неодамна се појавила и на насловната на списаниет „Dazed“ полугола, но големата коса ги прекривала интимните делови. Потпишала и за престижната компанија „Estee Lauder“ како нивно заштитно лице што ја покажува нејзината популарност. Бидејќи сега е барана на сите страни, младата убавица се почесто може да се види во друштво на супермоделите Кара Делавињ и Џиџи Хадид, а изгледа дека пред Кендал е итекако успешна кариера.