Кендал Џенер не сака повеќе да биде дел од кланот Кардашиан. Нејзината манекенска кариера е во вртоглаво искачување и не сака ништо да и застане на патот, на ниту нејзиното сопствено семејство. Отсега сака да се претставува само како Кендал. Со тоа сака да покаже колку и е важно да успее како модел.

Во разговор за “Holywood Life” рекла дека луѓето не сакале да и дадат прилика бидејќи веќе знаеле која е. Сите ја познаваат од семејното риалити “Keeping up With The Kardashians”, а Кендал повеќе не сака да се споменува во тој контекст. Додала и дека некои мислат како поради своето презиме полесно добива работа, но вели дека тоа не е така. Заклучила дека тоа и одмагало и морала да работи уште повеќе.