Славниот член на семејството Кардашиан, Кендал Џенер, предизвикала инцидент во ресторан откако одбиле да ја послужат со алкохол. Осумнаесетгодишната манекенка во подем минатата седмица за време на ручекот со Хеили Болдвин, ќерката на актерот Стивен Болдвин, побеснела кога одбиле да ја послужат со алкохол бидејќи е малолетна. За разлика од нашите закони, во САД полнолетен се станува со навршена 21 година.

Кендал станала и заминала од ресторанот без да ја плати сметката која од прилика изнесувала 60 долари. Келнерката Блеин Морис потрчала по неа и нејзината пријателка барајќи да ја платат сметката, но девојките почнале да се смеат. Очевидец вели дека Кендал зела неколку банкноти од по 20 долари и и ги фрлила на келнерката во лице.