Ѕвездата на реалното шоу ‘Keeping Up With the Kardashians’, Кендал Џенер, во краток временски период стана многу успешна манекенка, а се чини дека нејзиниот труд не бил залуден. Светските медиуми на големо пишуваат дека 19-годишната манекенка потпишала договор за престижната куќа Келвин Клајн.
Веќе некое време Кендал на својот Инстаграм профил објавува фотографии на кои позирала во долна облека на споменатата модна марка, а сега нивниот однос е и официјален. Договорот го потпишала откако се вратила од Париз, каде на модната седмица во градот на светлината носела ревии на познати модни брендови. Оваа млада манекенка веќе е заштитно лице на козметичката куќа „Estée Lauder“, а сега ќе застане и рамо до рамо со ѕвезди како што се Џастин Бибер и Лара Стоун, кои неодамна позирале за истиот бренд.