Нутриционистката која се занимава со славните, Наташа Куфа, смета дека моделот на Живанши и риалити ѕвездата Кендал Џенер е опасно слаба. Имено, Кендал има само 45 килограми, што е дури 14 килограми помалку во однос на килажата која одговара за нејзината висина. Полусестрата на Ким Кардашиан опасно претерала со диетите, смета Наташа. Кендал, е висока 177 сантиметри, а Куфа истакнува дека здрава тежина за таа висина е најмалку 59 килограми. Извор за медиумите тврди дека тоа е резултат на напорниот труд на манекенката како би останала на тежината која, наводно, се бара од неа за модните писти.
Инаку, таа држи диета која се состои од пиење чај за детоксикација и тоа 12 пати повеќе отколку што е препорачано на ден. Покрај тоа, зема и разни додатоци во исхраната, како би останала на истата килажа постојано. На истата диета е нејзината две години помлада сестра Кајли. Извор од семејството Џенер тврди дека Кендал не пати од пореметување во исхраната.