Манекенката Кендал Џенер синоќа го прослави својот 20. роденде во тренди ресторанот “Nice Guy” во Лос Анџелес. Згодната Кендал на забавата се појави во секси комбинезон со исразито длабоко деколте и со пунџа на главата, а пред тоа на Инстаграм објави фотографија во секси костум на Карл Лагерфелд во кој се маскира по повод Денот на вештерките.

 

На забавата на убавицата дојдоа членовите на нејзиното семејство, кои воглавно беа облечени во црно, а додека бремената Ким Кардашиан избра долг светликав фустан, а најстарата Кортни ги откри градите во изразиот отворен топ. Најмладата Кајли објави фотографија од фотобут, на која може да се види како синоќа носеше вештачки шишки кои и стојат прекрасно. Покрај бројните славни гости, на прославата беа и Ник Џонас и Вилоу Смит. Сеуште не се знае дали Кејтлин Џенер беше на забавата на својата ќерка.