Келнерка се шокирала откако дознала дека маскираниот крадец во пицеријата во која работела е нејзиниот татко.

Стефани Мартинез почнала да ги вади парите од касата кога колегата му се спротивставил на крадецот и му ја тргнал маскирната капа. Крадецот бил нејзиниот татко Бенџамин (41).


Во полицијата рекле дека крадецот избегал од пицеријата без пари откако го препознала неговата ќерка. Побегнал со џип во кој го чекале неговата сопруга Соња и зетот Џосе Мигуел Мартинез.

Полицијата не ја обвинила Стефани бидејќи мисли дека таа не знаела дека нејзината фамилија се спрема за грабеж