Двегодишната британка Анабел Родес се бори за живот откако келнерот во хотелски бар на Кипар по грешка во сокот и ставил средство за чистење.

Лекарите во болницата во Никозија велат дека девојчето е во критична состојба, но стабилно. Се наоѓа на оделот за интензивна нега и е приклучена на респиратор. Родителите деноноќно бдеат над неа.

Девојчето кое било на одмор со родителите, во саботата попладне се здобила со тешки изгореници на желудникот, откако испила сок од портокал помешан со средство за чистење.

Таткото порачал за девојчето сок разблажен со вода, а келнерот по грешка, наместо вода во сокот ставил варикина.

ohridnews