Службениик во владата на Република Македонија, за кој се претпоставува дека е министер, бескрајно му се заблагодарил на келнерот во кафулето „Адријана“ во Цавтат кој му ја вратил заборавената торбичка во која имало 4.400 евра и 307 американски долари, објави вчера интернет-изданието на хрватскиот весник „24 сата“.


Чесниот пронаоѓач

Чесниот  пронаоѓач е осумнаесетгодишниот Младен Спаиќ, од Љубушки, БИХ кој работел сезонски во угостителскиот локал. За „24 сата“ тој изјавил дека ја нашол торбичката на терасата непосредно пред да се затвори локалот. Во неа покрај парите имало и кредитни картички заедно со пиновите. Тој ја зел торбичката со него, како што рекол заради сигурност и утрото му ја вратил на сопственикот кој дошол во кафулето со семејството. Во моето семејство не учеа на чесност и дека доброто секогаш се враќа со добро, изјавил за „24 сата“келнерот кој за  чесноста бил награден со 200 евра од сопственикот на торбичката.

ohridnews