Келн го демолираше Хановер во воведниот натпревар од германската Бундеслига. “Јарците“ немаа милост и со 4-0 со головите на Петит, Подолски и Новаковиќ на два пати до врв ја наполнаа мрежата на гостите.

Келн прокнижи значајни три бода во трката за опстанок, додека Хановер преживеа тежок удар во битката за место во Лигата на Шампиони.