Поранешната пејачката на групата „Destiny’s Child“, Кели РОуланд, се омажила за својот менаџер Тим Вотерспун на почетокот на оваа година. Музичарката не сака да изнесува детали од својот приватен живот, па парот се венчал во тајност, а набрзо после тоа станало очигледно дека тие го очекуваат своето прво дете. Оваа есен пејачката ќе роди син, а иако ги одбројува последните седмици од бременоста, Кели не се откажува од редовното вежбање.
Како би била во врвна форма, Кели секојднево оди во теретана каде вежба со личниот тренер. Дека навистина е сјајна форма покажуваат и фотографиите кои ги објавила на својот Инстаграм профил. Во спортско издание, таа покажала дека и понатаму трча на лента и вежба јога.